Вести Најважни Свет

Петнаесет европски лидери со задача да најдат трајно решение за мир и помош на Украина

Лондон домаќин на меѓународниот самит со специјални гости Зеленски, Руте на НАТО и фон дер Лајен на ЕУ.

15 европски лидери со една задача – да најдат трајно решение за мир и помош на Украина, унапредување на европските активности за Украина и безбедноста.  Стармер кој ја собра европската врхушка, не ги крие плановите дека заедно со Франција и со поширока поддршка ќе тргнат во дипломатска офанзива ќе работат на крајот на војната во украина независно од преговрите Русија – САД,

„Сега се договоривме дека Обединетото Кралство, заедно со Франција и можеби уште една или две други (земји), ќе соработуваат со Украина на план за запирање на борбите, а потоа ќе разговараме за тој план со Соединетите држави. Велика Британија и Франција се најнапред во размислувањето за ова, и затоа претседателот Макрон и јас ќе работиме на овој план, за кој потоа ќе разговараме со САД“, вели британскиот премиер за националниот сервис.

Пред одржувањето на збирниот самит, Стармер се сретна со италијанската премиерка Мелони.

,,Сите сме многу посветени на една цел која сакаме да ја постигнеме, а тоа е траен мир во Украина. Мислам дека е многу важно да се избегне ризикот од поделба на Западот. И мислам дека Обединетото Кралство и Италија можат да одиграат важна улога во ова’’ – вели Мелони, италијанската премиерка.

Во прегратки пред камерите, Зеленски е првиот гостин кој стаса во Лондон.

 ,, И нашата апсолутна демонстрацијана поддршка кон вас, со непоколеблива решителност, за да го постигнеме она што и двајцата сакаме да го постигнеме, а тоа е траен мир.Траен мир за Украина, толку важен за Европа и за Обединетото Кралство. Затоа со нетрпение ги очекувам нашите дискусии попладнево. Ви благодарам многу што одвоивте време да дојдете ‘’ – вели Стармер.

 „Со задоволство, многу ви благодарам Кир, господине премиер, среќен што сум овде. Навистина, видов многу луѓе и сакам да ви се заблагодарам, народе на Обединетото Кралство, толку голема поддршка од самиот почеток на оваа војна. Ви благодарам, и на вашиот тим, и многу сум среќен што неговото височество Кралот ја прифати мојата средба утре. И ние сме многу среќни во Украина што имаме таква стратегија. Со вас потпишавме историски документ“. – вели Зеленски.

Денешната средба во Лондон е трет европски самит посветен на Украина изминатите две недели.Украина беше фокусот и на Меѓународниот самит во Киев на 24 февруари, на кој присуствуваа канадскиот премиер, неколку европски лидери, како и претседателската на европската комисија .

 

Новинар: Марија Коцева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синот на норвешката принцеза осомничен за три случаи на силување и 23 други кривични дела

Дејан Дејан

Врховниот Суд на САД ја ограничи моќта на судиите да ги блокираат извршните наредби на Претседателот Трамп на национално ниво

Дејан Дејан

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе