Овална соба во никогаш потензична атмосфера, опколени со камери, микрофони и новинари кои го одбележаа еден од историските моменти на жесток разговор меѓу Трамп, Венс и гостинот Зеленски.
Украинскиот претседател кој се најде помеѓу чеканот и наковалната беше обвинет за непочитување на САД, а прес-конференцијата еруптираше кога Трамп со остар тон му посочи на Зеленски да не се игра со Трета светска војна.
-
„Се коцкаш со милиони животи“ му порача Трамп на Зеленски. „Јас сум претседател во војна“ додаде Зеленски. „Си играш со Трета светска војна!“ додаде Трамп. „Што зборувате?“ праша Зеленски. „Се коцкаш со Трета светска војна И ова што го правиш е големо непочитување на оваа земја“ одговори Трамп. „Јас имам голем респект за вашата земја“ додаде Зеленски. „Дали барем еднаш рековте „благодарам“?“ праша Венс. „Многупати“ одговори Зеленски. „За време на оваа средба дали кажавте?“ му упати прашање дополнително Венс пак на украинскиот претседател.
Во еден момент, претседателите се надвикуваа во обид да ги посочат своите аргументи.
„Ако не ја имавте нашата воена помош, оваа војна ќе завршеше за две недели“ рече Трамп. „За три дена, го слушнав тоа од Путин, за три дена, ова е нешто ново. Можеби помалку. За две недели, се разбира дека рекол така“ додаде Зеленски. „Ова ќе биде многу тешка работа за да се постигне договор. Треба да кажете благодарам“ рече Трамп. „Јас кажав многу пати, до Американците“ изјави Зеленски. „Покрај тоа има недоразбирања, и ајде да ги проследиме тие недоразбирања, oтколку да се расправаме пред американските медиуми кога не сте во право. Ние знаеме дека не сте во право“ рече Венс во разговорот. „Јас мислам дека е добро за Американците да видат што се случува, мислам дека е многу важно, затоа и го правиме ова подолго време. Треба да бидете благодарни“ истакна Трамп.
„Ние сме благодарни“ рече Зеленски. „Ги немате картите, заглавени сте таму, луѓе умираат, имате малку војници, би било добро да се заврши. А тогаш ни кажувате „Јас не сакам примирје, сакам да одам, го сакам ова“. Видете ако сакате прекин на војната, искористете ја приликата, за да престане војната, и вашите луѓе да не бидат убиени“ објасни Трамп. „Се разбира дека сакаме прекин на војната, но со гаранции“ додаде Зеленски. „Но велите не сакате примирје. Можете да добиете прекин на огнот без договор“ рече Трамп. „Прашајте ги луѓето што мислат за примирје. Дали ви е важно?“ праша Зеленски. „Не беше со мене договорот. Тоа беше со Бајден кој не е паметна личност“ рече Трамп. „Но тоа беше ваш претседател“ додаде Зеленски. „Извинете тоа беше со Обама, тој ви даде ќебиња, а јас оружје. Јас ви дадов оружје, да ги уништите сите тие тенкови“ додаде Трамп.
Зеленски пак бараше гаранции за примирје и го обвини Путин дека е терорист и убиец кој не ги почитува договорите, додека Венс му викаше дека треба дипломатија.
Зеленски: „За време на 2014 година до 2022 година, ситуацијата беше иста, луѓето умираа на фронтот. Никој не го спречи. Знаете, ние имавме разговори со него, многу разговори, билатерални разговори, и ние потпишавме со него, јас како нов претседател, во 2019 година јас потпишав со него договор. Јас потпишав со него, Макрон и Меркел, ние потпишавме примирје. Примирје. Сите тие ми рекоа дека тој никогаш нема да нападне, ние го потпишавме договор за гас. Да, но по тоа тој го прекрши примирјето, тој ги уби нашите луѓе, и тој не изврши размена на затвореници. Ние го потпишавме договорот за размена на затвореници, но тој не го испочитува. За каква дипломатија ние зборуваме Џеј Ди Венс. На што мислите?“
Џеј Ди Венс му одговори: „Јас зборувам за таков вид на дипломатија која ќе ја заврши војната која ќе стави крај на уништувањето на вашата земја. Господине претседателе јас мислам дека е непочитување да дојдете во Овалната соба и да спорите пред американските медиуми. Сега вие одите околу и форсирате нова фронтовска линија, а немате моќ. Треба да му се заблагодарите на претседателот, што се обиде да стави крај на овој конфликт.“
Во еден момент Зеленски им рече дека и Америка ќе ја почувствуваат војната на што Трамп се разлути и со висок тон му одговори дека не треба да им кажува што ќе чувствува САД, бидејќи Украина не е во позиција да диктира.
Прес-конференцијата почна за да се претстави со потпишување на бизнис планот за експлоатација на украинските ретки метали од страна на САД.
Трамп по средбата на преку социјалните мрежи му ги затвори вратите на Зеленски од Белата куќа и порача дека ќе може да дојде назад кога ќе биде подгтовен за мир. Трамп оцени дека Украинскиот претседател не е подготвен за мир затоа што чувствува дека вклученоста на Америка му дава голема предност во преговорите.
Теа Димковска