Вести Македонија Топ вести

Нов „напад“ од министерката Кочоска поради нејзиниот поглед врз конзерва грашок – со навреди се нафрли кон пратеничката Петровска, а поврзано со семеен статус

На пратенички прашања имаше судир и напад кој се однесуваше на семејна состојба. Пратеничката Славјанка Петровска ја праша министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска за нејзината претходна изјава дека таа не купувала грашок во конзерва и не сфаќа зошто таква храна е ставена во потрошувачка кошничка за 4-члено семејство во која има и 13 литри млеко.

„Не сакам оваа дебата со вас да ја претворам во споделување рецепти, ама следен пат кога ќе одите во маркет, а рековте дека одите често, земете и споредете време на готвење на тој грашок од конзерва кој за вас е нелогичен, и оној другиот. За вас може не е важно, ама за едно просечно македонско семејство многу е важно колку време ќе биде вклучен шпоретот. Наместо да ни држите лекции за домаќинско пазарење не е лошо да го чуеме вашиот став за намалување на патните трошоци на пратениците и зошто ВМРО-ДПМНЕ не ги поддржа“, се обрати Петровска до министерката, во склоп на традиционалниот демократски инструмент за пратенички прашања, во Собранието.

Одговорот почна со навреди, но не предизвика дополнително расжестување кај нападнатата пратеничка.

Димитриеска-Кочоска налутено и порача на Петровска дека дури не може да ѝ каже почитувана.

-За да кажам почитувана, треба да ја заслужите мојата почит. Врз основа на што вие ги ставате во уста мајките што имаат деца и како знаете вие едно повеќечлено семејство колку треба да троши? Јас сум мајка на два сина и многу добро знам колку треба да троши едно четиричлено семејство. За грашокот, и јас сакам да купам од конзерва, ама не сум сама, четири члена сме, па во најевтините маркети купувам замрзнат грашок, рече министерката од собраниската говорница.

Петровска возврати дека нема да реагира на навредите и порача на колешката од спротивниот политички табор дека „ако имаше дно, вие го пробивте“. Сопартијките на Петровска од Форумот на жени на СДСМ ја осудија изјавата на министерката Кочовска како срамна, навредувачка и дискриминаторска и најдолен настан во Собранието.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Единство на Црквата, дипломатија, финансии – дел од предизвиците за папата Лав XIV

Дејан Дејан

Васил Јованов призна вина, родителите на Фросина бараат максимална казна од 20 години – пресудата на 13 мај

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе