Вести Македонија Најважни

Обвинителство бара доживотен затвор за Зејнелов кој свирепо ја уби штипјанката Емилија

Доживотна казна затвор за Фадил Зејнелов, кој на први ноември 2024 година на свиреп начин ја уби штипјанката Емилија Пешева во вовоедните и завршни зборови побараа обвинителот и двајцата адвокати на семејството Пешеви. На Зејнелов му се суди за кривично дело убиство извршено при семејно насилство или фемицид.

Според обвинителството за убиството на штипјанката Пешева обезбедени се докази според кои обвинетиот  при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка. Пред судот  Зејнолов призна вина, а мотивот за извршеното убиство какошто вели му било неверство.

Родителите на Емилија Пешева се скршени од болка и сметаат дека правдата за нив е доживотен затвор за убиецот на нивната ќерка. Сведочат дека Зејнелов по  убиството веднаш не се пријавил во Полициска станица Штип, туку заминал да ги потроши парите во коцкарница кои ги земал од нивната ќерка, а мајката Џемаил Сала во последен момент го има спасено малолетниот син на Емилија да не оди со нив во напуштениот објект, во близина на нивниот дом.

Родителите на Пешева тврдат дека Емилија постојано била тепана од страна на нејзиниот вонбрачен партнер Зејнелов.

Претседател на Судскиот кривичен совет, при Основниот суд во Штип за овој судски предмет е судијата кривичар Сашко Георгиев, кој откако завршија воведните и завршни зборови на обвинителството и адвокатите на убиената Пешева и на адвокатот по службена должност на Зејнелов најави дека пресудата ќе биде објавена во среда на 12 февруари во 13 часот во Основниот суд во Штип.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангела Меркел ја критикува политиката на германската Влада кон барателите на азил

Дејан Дејан

Обвинителството отвори постапка за фалсификати во Чаир

Дејан Дејан

СЗО: Осаменоста предизвикува многу болести кај луѓето

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе