Вести Македонија Најважни

И ЕСМ производство бараат поскапување на услугата поради зголемени трошоци

И ЕСМ производство поднеле барање за покачување на цената на парното и топлинската енергија за 20 отсто, оправдувајќи го ваквото барање со зголемените трошоци за набавка на гориво.

Регулаторната комисија за енергетика ја примила апликацијата на 18 јануари 2025 година, во која се наведува дека трошокот треба да се коригира за речиси 21 отсто.

Ваквото покачување би значело зголемување на сумата која ќе биде издвоена за оваа намена на 14,5 милиони евра, со што би се испорачале околу 254,7 милиони киловат часа топлинска енергија.

Барањето за зголемување на цената на услугата се однесува на потребата од покривање на зголемените трошоци за набавка на гориво, што директно влијае на цената на производството на топлинската енергија.

Од ЕСМ нагласуваат дека ова покачување е неопходно за да се одржи стабилноста на снабдувањето со топлина и за да се обезбеди континуирана услуга за потрошувачите.

Регулаторната комисија сега треба да одлучи дали ќе го одобри ова барање и каква ќе биде финалната одлука во однос на цената на парното греење.

Според досегашните пресметки на регулаторите, со ваквите барања на компаниите за парно на ЕСМ, греењето би поскапело за 10 до 11 отсто.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе