Вести Најважни Свет

Во Србија денеска е Ден на жалост за осумте лица загинати во пожар во дом за нега на стари лица во Бараево

Вво Србија денеска е Ден на жалост поради смртта на осум лица во пожар во дом за стари лица во белградската општина Бараево.

Одлуката за прогласување Ден на жалост ја донесе српската влада на вчерашната седница.

Осум луѓе загинаа, а седум се повредени во пожарот во Домот за возрасни и стари лица „Ивановиќ“ во Велики Борак, Бараево.

Полицијата во врска со пожарот уапси три лица, меѓу кои и одговорното лице за објектот, поради сомнение дека сториле тешко кривично дело против општата безбедност, што предвидува затворска казна од две до 12 години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сомнежи за злоупотреба на боледувања – контролите двојно зголемени

Дејан Дејан

Со 2 милијарди евра заем за брза пруга, јавниот долг може да скокне до 64, 7 отсто

Дејан Дејан

Се оценува обвинителниот акт за пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе