Вести Македонија Најважни

Фани Каранфилова Пановска на местото на Сања Лукаревска – СДСМ избра заменик претседател и членови на највисоките партиски тела

Со нови луѓе и нова енергија во раководни тела СДСМ денеска, на 30. Конгрес на партиијата, најави пресвртница во своето опозициското делување, за да се врати, како што изјави нејзиниот лидер, Венко Филипче, на победничката патека. По завршувањето на Конгресот Филипче изјави дека пет месеци траел процесот на избор на членовите во новиот Централен и Надзорен одбор со кои партијата треба да го сврти новиот лист и да ги помине опозициските денови. Меѓу новите лица на партијата е и Фани Каранфилова Пановска, кој Филипче ја предложи, а Конгресот на партијата ја избра за негова заменичка.

Засега не се откриваат имињата на оние кои ќе влезат во раковидните тела на партијата, како Извршниот одбор, но и идните потпретседатели, генералниот секретар и од овој Конгрес, двајцтаа ораганизациони скретари на СДСМ.

Филипче обраќајќи им се на делгатите на Конгресот, меѓу кои беше и поранешниот премиер, Димитар Ковачевски, рече дека тој нема волшебно решени со кое СДСМ би ја вратил на власт и не ја поштеди партијата од самокритика за губењето на изборите во мај.

Филипче смета дека партијата додека била не само што не се справила доволно со корупцијата и криминалот на своите претходници, туку и некои функцинери на СДСМ го прифатиле таквото однесувањето. Според него, дури и големите придобивки за државата кои биле постигнати во време на СДСМ, како челнството во НАТО и стартот на преговорите со ЕУ не биле доволно валоризирани на последните избори.

Освен на својата партија лидерот на СДСМ дел од обраќањето на Конгресот посвети и на власта, поточно на ВМРО-ДПМНЕ, за која рече дека е неодговорна власт која земјава не ја зслужува, нарекувајќи ги политички кукавици.

Делегатите на 30. Конгрес денеска ја прифатија платформата која им ја презентираше Филипче, а која телата на партијата треба да се трансформираат во политичка програма со која таа ќе настапува на идни избори.

Пред 30. Конгрес СДСМ денеска го одржа и 29. Конгрес кој поради немање кворум, односно недоволен број на делегати не се одржа во јуни годинава на кој се разгледуваше изборниот пораз од двојните избори во мај. Следната фаза од консолидирањето на СДСМ е избор на претседател на партијата во март, кога на Филипче му истекува мандатот.

Инаку на денешниот Конгрес не присуствуваше поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, на кого Филипче му беше близок соработник како министер и му е личен близок личен пријател, со кого како што рече, вчера разговарале.

Инаку токму за Заев и за Ковачевски, Филипче денеска пред делгатите на Конгресот рече дека ја платиле политичката цена со своите политички кариери за носењето на клучните одлуки за државата.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп се закани со нов воен удар: Следна цел може да биде подземниот нуклеарен комплекс

Kristina Kuzmanovski

Променливо облачно со сончеви периоди локално нестабилно со пороен дожд – Временска прогноза за 23.7.2026

meteo

ЦУК: По невремето 80% од градот Кочани бил без електрична енергија, а поради прекин на работата на пумпите за вода имало прекин и во водоснабдувањето

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе