Вести Македонија Топ вести

Како на Денот на ослободување на Скопје пропадна тендерот за нафта во ЈСП- политика или неправилност

На веб сајтот на јавни набавки стои дека пред една недела е поништена постапката за набавка на гориво еуродизел по инструкции на Бирото за јавни набавки.

„По инструкции од Бирото да се поништи постапката во управен надзор“ е причина за прекинување на постапка предвидена и со законот за јавни набавки. На 13-ти ноември (денот на ослободување на Скопје) е донесена последната одлука во Бирото за јавни набавки, а со таа одлука е прекината постапка за јавна набавка и тоа за нафтата на ЈСП.

Бирото за јавни набавки може да даде инструкции за прекин на тендерот после спроведување на управна контрола, стои во законот за јавни набавки.

По обвинувањата од градот дека станува збор за искреирана ситуација од страна на директор назначен од владата и премиерот Мицкоски, реагираше Бирото за јавни набавки кое тврди дека постапката е поништена законски.

-Во однос на конкретната постапка, управната контрола најде дека договорниот орган ЈСП избрал неприфатлива понуда за најповолна. Оваа понуда, која била и единствена поднесена понуда во постапката, не исполнува услов кој самиот ЈСП го навел во точка 1.4.8 од тендерската документација. Тоа всушност е наведено и во самиот извештај од спроведена постапка на комисијата за јавна набавка во ЈСП, стои во одговорот на Бирото за јавни набавки.

Поради тоа, Бирото дало инструкции за да се поништи јавната набавка со што ЈСП останува без еуродизел, а илјадници граѓани без редовен јавен превоз.

Законот предвидува дека доколку се откријат неправилности во постапката може да птијави прекршок или кривично дело до надлежните институции. Нема никаква информација дали надлежните судови или обвинителството се известени за неправилностите кои ги утврдило Бирото за јавни набавки.

Од обвинителството рекоа дека по допрен глас и по објавеното соопштение на Бирото е отворена постапка.

– Дадени се насоки на Управата за финансиска полиција да ги испита постапките за јавни набавки на мазут за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП „Скопје“).  информира државното Јавно обвинителство. Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) ги следи сите информации во врска со проблемот со јавниот превоз во главниот град, соопштија од Обвинителството.

Од доаѓањето на новата директорка на Бирото, Маре Богева Мицовска со инструкции се поништени 4 јавни набавки, од кои половината се на скопски јавни претпријатија за набавка на гориво за возила. Од град Скопје и градоначалничката Арсовска ја обвинија Богева дека работи по насоки на Мицкоски  и ја нарекоа „кадарот на шефот на ВМРО во Бирото за јавни набавки“. Од Бирото ги нарекоа наводите неточни клевети.

-Во целост ги отфрламе како непримерни и непрофесионални. Бирото за јавни набавки постапува професионално, без оглед на дневните политички препукувања, а наместо да шири политикантство, Градот Скопје навремено треба да реагира и да ги искористи законските можности кои му стојат на располагање да се задоволат итните потреби за гориво до завршување на редовната постапка, коментираат од Бирото.

Во тек е нова постапка за набавка на гориво за ЈСП, а дотогаш -граѓаните се снаоѓаат за да стигнат дома, на работа, на школо, во набавки, на лекар или на гости.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе