Магазин

ТИТАНИУМ – НОВ ИНСТАНТ ЛОЗ СО ВОЗИЛА НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА

Државна лотарија, денес го пласираше новиот инстант лоз „Титаниум“ со примамлива понуда од два вида возила: 7 возила FORD FOCUS и 7 возила FORD KUGA од серијата Титаниум.

Имено, по истражувања меѓу учесници во игрите на среќа, спроведени на продажните места на Државна лотарија, љубителите на инстант лотаријата се изјаснија дека очекуваат токму ваков вид премии.

Како одговор на барањата на играчите, инстант лозот „Титаниум“ стана најнов член на семејството на инстант лотаријата на Државна лотарија. Лозот нуди вкупен фонд на добивки од близу 95 341 575 денари, вклучувајќи 14 премии од коишто: 7 возила FORD FOCUS и 7 возила FORD KUGA, 30 добивки по 50 000 денари и многу други вредни парични добивки.

Со забавно и лесно откривање на три исти симболи или износи, учесниците во оваа игра на среќа ќе ги бараат своите добивки во полето за игра на атрактивниот инстант лоз, а 14 од нив ќе станат сопственици на луксузниот комфор на титаниум, коишто ќе го пленат вниманието и на сите кои досега посакувале да возат или да подарат ваков тип на возило.

Инстант лозот има и атрактивна кампања којашто поттикнува да се замислиме над балансот меѓу своите очекувања и својата вистинска верба во среќата. Кога среќата се бара и чудата се можни.

Со ова ве покануваме, да не ги одминувате среќните места на Државна лотарија, да го побарате новиот лоз „Титаниум“ којшто може да ви донесе еден од 14-те автомобили.

За само 100 денари станувате потенцијален сопственик на софистицирано возило.

Воедно, ве поттикнуваме да подарите можност за СРЕЌА ПЛУС и во вашите планови за подарување да го вклучите и инстант лозот „Титаниум“, со којшто може покрај возбуда и забава, да подарите возило или вредна парична добивка. Инстант лозот, може да е вашиот перфектен подарок. (ПР Текст)

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Маск: Одиме на Марс, животот на Земјата ќе биде уништен

Дејан Дејан

(фото)Истрчани 465 км на шестдневна трка – победничка од Македонија

Дејан Дејан

Најдолг избор на Папата траел три години – го избрале откако граѓаните го срушиле кровот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе