Четириесет и три мајмуни побегнале од комплекс што се користи за медицински истражувања во Јужна Каролина, соопшти локалната полиција. Сепак од таму смируваат дека мајмуните од факултетот „Алфа Генезис“ не се заразени со никакви болести и се безопасни.
Во информациите се вели дека група женски мајмуни од видот макаки Резус со тежина од околу 7 килограми избегале откако нов вработен не го затворил целосно заградениот простор.
Властите велат дека вработените во Алфа Генезис можат да ги видат мајмуните и дека поставуваат стапици и користат термални камери за да ги лоцираат. Шефот на полицијата во Јемас, Грегори Александар, рече дека „речиси нема опасност“ за јавноста.