Српските медиуми објавија список со имињата на идентификуваните жртви во вчерашната трагична несреќа на железничката станица во Нови Сад.
На неа е посочено дека Васко Саздовски (роден 1979-та година) е македонскиот државјанин што загина во несреќата кога натстрешница од железничката станица во градот се урна и поклопи дел од лицата што беа под неа.
Досега според официјалните информации загинаа 14 луѓе меѓу кои и 6-годишно девојче.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.