Вести Магазин

Познатиот рапер Паф Деди обвинет за рекет, сексуална експлотација и трговија со луѓе

Познатиот 54 годишен рапер, Паф Деди е обвинет за рекет, сексуална експлотација и трговија со луѓе. Се започна со Кеси Вентура која поднесува тужба против раперот во која тврди дека била сексуално експлоатирана од неговата страна, за досега да има 120 пријави за тужби за силување против него, од кои 25 се поднесени од лица кои биле малолетни во време на вршење на кривичното дело, а најмала жртва била на деветгодишна возраст.

Тој се соочува со кривично судење, бидејќи му е одбиена кауција од 50 милиони долари. Обвиненијата, кои Комбс ги негира, доаѓаат откако музичкиот магнат беше уапсен во хотел во Њујорк во понеделникот на 16 септември. Два имоти во сопственост на Шон „Диди“ Комбс биле претресени од федерални агенти како дел од тековната истрага за сексуална трговија, според извештаите.

„Овој вид на сексуален напад, сексуална злоупотреба, сексуална експлоатација никогаш не треба да се случи во САД или на кое било друго место“, изјави Базби, адвокатот на раперот во една од изјава за медиумите.

Комбс, Пи Диди или Паф Деди се имињата по коишто може да се препознае хип хоп раперот. Тој е победник на 3 „Греми“ оскари и е сопственик на „Bad Boys Record“,  а неговата музичка кариера датира уште од времето кога има соработувано со многу познати музички лица како што се Notorious B.I.G, Ma$e, Lil’ Kim, Busta Rhymes, Janelle Monáe, но и многу други.  Тој е познат и по тоа што е сопственик на една од најголемите фирми за канабис која денеска има вредност од над 26 билиони долари во производство.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Сторија од Преспа: Природата не е депонија!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе