Вести Најважни Свет

(видео)Во експлозии со пејџери во Либан загинаа девет луѓе, меѓу нив и едно дете, а 2.700 се повредени- САД не биле однапред информирани

Девет луѓе загинаа , а 2.700 се повредени  во сомнителни  координирани ексползии  на  рачни пејџери низ Либан, меѓу загинатите има едно дете.

Од експлозиите на пејџери во повеќе либански региони околу  200 луѓе се во критична состојба.

  • Бројот на повредени е околу 2.750 повредени. Бројот на настрадани – осум настрадани. Бројот на критични случаи е над 200 случаи кои се во критична состојба или им е потребна операција. Досега имаме примено над 150 крвни единици. А болниците кои досега учествуваа во приемот на повредените се околу 100 болници, изјави Фирас Абијад, привремен либански министер за здравство.

Повеќето од жртвите се здобиле со повреди на рацете, додека некои имаат повредени и по лицата, стомакот и  очите.

Милитантата  група  Хезболах соопшти  дека меѓу повредените има и нејзини членови.

Властите за експлозиите го обвинија Израел за нешто што изгледаше како софистициран далечински  напад, во  време на  зголемени  тензии преку  границата  со  Либан.

Инаку литиум-јонските батерии често се користат во потрошувачката електроника, тие можат да се прегреат и да се запалат, а во некои случаи дури и да експлодираат. Овој процес се нарекува термички дефект, што е хемиска реакција.

Сè уште нема официјална потврда за причината за истовремените детонации на пејџерите, но либански воени извори сугерираат дека уредите можеби биле активирани како дел од израелскиот напад. Можно е израелските сили или некој друг актер да ги хакирале овие уреди и далечински да ги преполниле, предизвикувајќи термички дефект.

Пејџерите често користат нешифрирани комуникациски канали и застарен софтвер, што ги прави лесни мети за напад.

Израел допрва треба да коментира – претходно рече дека новата цел на војната во Газа е да ги врати евакуираните жители во северен Израел по нападите од Хезболах

Вооружената група поддржана од Иран, со седиште во Либан, беше непријател на Израел со децении. Борбите меѓу двете страни ескалираа во последниве месеци, предизвикувајќи стравувања од сеопфатна војна

Детонациите  се случија во  јужните предградија  на  Бејрут, како и во јужните делови на земјата.

САД „не биле вклучени“ во серијата експлозии на пејџери во Либан и „немале претходно знаење“ за каков било напад, изјави портпаролот на Стејт департментот, според Си-Ен-Ен.

„САД не беа однапред информирани за овој инцидент и ние собираме информации во овој момент“, рече портпаролот на Стејт департментот Метју Милер, кој повеќепати го споменуваше случајот како „инцидент“, а не како „напад“.

Запрашан дали има индикации дека Иран може да возврати, со оглед на информациите дека иранскиот амбасадор е повреден, Милер рече дека не сака да шпекулира додека тие извештаи не бидат потврдени.

„Ги видов извештаите. Не сакам да зборувам за тоа какви може да бидат импликациите пред да се потврди извештајот. Но, секако, како што е секогаш случај, би го повикале Иран да не создава никаков инцидент, каква било нестабилност, да се обиде дополнително да ги зголеми тензиите во регионот. „Ова е нашата порака до Иран од 7 октомври“, рече тој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Документарниот филм на Милчо Манчевски „Добри луѓе“ во трка за наградата „Срцето на Сараево“

Sonja Petrusevska

ВМРО – ДПМНЕ: Филипче нема кредибилитет да зборува за здравството каде остави тотален колапс

Дејан Дејан

Старата чаршија пулсира во ритамот на музиката: Започна првото издание на Интернационалниот фестивал „Чаршија“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе