Полицијата и Управата за јавни приходи (УЈП) денеска влегле во повеќе фирми во Струмица, Скопје и Гостивар. На разговор се повикани 10-тина управители, адвокати, нотари, поврзани со фирмите за кои постојат сомнежи дека функционираат во систем на криминална пирамида, потврдија за Телма извори запознати со истрагата.
Фирмите се сомничат за даночно затајување, перење пари, незаконски поврат на ДДВ, со што направиле милионски штети на државниот буџет. Во претресите во повеќе објети била одземена била документација и предмети.
