Вести Најважни Свет

Седум загинати и 77 се поврдени во руски ракетен напад врз Харков

Седум лица загинаа, а 77 се поврдени во руски ракетен напад врз станабена зграда и игралиште во североисточниот украински град Харков, соопштија украинските власти.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека меѓу убиените е и едно 14-годишно девојче.

Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, на Телеграм потврди дека едно дете е убиено на игралиште и информира дека од ударот се запалила 12-катна станбена зграда.  Опожарени се и неколку автомобили паркирани во близина на зградата.

По нападот врз Харков, Володимир Зеленски повторно ги повика западните сојузници на Украина да му дозволат на Киев да користи оружје со долг дострел доставено од Запад за напади на руска територија.

Нападот немаше да се случи ако нашите одбранбени сили имаа способност да уништат руски воени авиони каде што се распоредени. Нема рационална причина зошто треба да ја ограничиме одбраната на Украина, рече Зеленски на Телеграм.

Спроед Киев, најефекасниот начин да се спречат напади како оној на Харков е да се соборат руските авиони кои лансираат проектили во Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе