Избувна пожар во фабрика за преработка на млеко во тетовското село Камењане.
Објектот е обвиен во густ час, а огнот брзо се ширел, кој сега е локализиран.
На тетовските против пожарни екипи на помош им пристигнуваат колегите од Скопје и Кавадарци. Во моментов на терен се 30 пожарникари кои се борат со огнот.За сега не се познати причините за тоа како започнал пожарот.
Авни Амети, командирот на пожарна Тетово за Телма пред малку рече дека со потешкотии го држат огнот под контрола и дека продолжуваат да се справуваат со пожарот.
Двајца пожарникари вдишале чад но немаат големи здравствени потешкотии.
