Вести Македонија Најважни

Скопје под полициска опсада, убиено е едно лице на паркинг кај ТЦ „Мавровка“

Центарот на Скопје под полициска опсада, хеликоптери надлетуваа додека увидните екипи веќе беа на местото на злосторството. Брзата помош само констатираше смрт кај застреланиот.

Едно лице е убиено на паркингот кај трговскиот центар „Мавровка“, по што им подлегна на повредите.

Полицијата веднаш презеде бројни мерки, информираат од МВР. „Пиле не можеше да прелета“ во центарот, но и во поширокото градско подрачје“. 

„Преземени се оперативно-тактички мерки како затворање на дел од градското подрачје, преглед на повеќе домови и преглед на повеќе возила, во кои се вклучени специјални полициски сили, хеликоптери и дронови“, информираат од Министерство за внатрешни работи.

Овој настан како сцена од крими-трилер се случуваше на само неколку метри оддалеченост од будното око на очевидци и медиумски екипи.

Дел од присутните не сакаа да зборуваат пред камера, а други велат дека се исплашени.

Некои дотрчале од околните угостителски објекти веднаш откако се случило убиството.

Според, засега, неофицијални информации, застреланото лице е бизнисмен со иницијали В.Е. Бил во бизнис со продажба на накит во скопски Аеродром и бизнис со материјали за водовод.

Иако мотивите за убиството засега не се официјално познати, неофицијалните информации говорат дека убиениот најверојатно бил следен за да биде ограбен, а како дошло до употребата на оружје и убиство, засега останува нејасно.

Две лица вмешани во крвавиот чин се фатени, по третото се трага, а од МВР велат дека им е познат и неговиот идентитет.

Ова е втора престрелка во едно деноноќие во главниот град. Синоќа нешто пред 21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Александар Македонски“, од патничко возило во движење било пукано во возило марка „Пасат“ со австриски регистарски ознаки.

Во таа престрелка е повредено едно лице кое е пренесено на Клинички. Од полиција велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Според досегашните информации, ништо не навестува дека двете престрелки се поврзани.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе