Вести Македонија Најважни

По 14 дена борба, дождот денес го изгаси пожарот на Галичица

Дождот денеска го изгасна големиот шумски пожар на Галичица, кој во изминатите 14 дена беснееше и во строго заштитената зона на националниот парк и неповратно уништи над 6500 хектари површина, од кои 40 проценти шума.

Екипите остануваат на терен да ја контролираат состојбата со оваа огнена стихија. Од ЦУК соопштија дека очекуваат дождот да помогне и за гаснење на пожарот во ловиштето Јасен  кој е активен речиси  еден месец и пустоши борова шума

-Првата добра вест е тоа што пожарот на Галичица е целосно  изгаснат, а конечниот удар му го зададе дождот коЈ што заврна во оваа област. Пожарот  кој повеќе од 25 дена гори во ловиштето Јасен и се движи кон село Белице, иако не е изгаснат, е со многу мал обем, се надеваме дека во попладневните часови и таму ќе заврне и целосно ќе биде изгаснат овој пожар, вели Стојанче Ангелов, директор на ЦУК. 

Од вкупно 25  пожари на отворен простор во изминатото деноноќие, 10 се активни.

Сѐ уште гори Стогово, пожар кој деновиве предизвика вознемиреност кај месното население и туристите во мијачкото село Гари, но кракот кон ова село е изгаснат.

Пожар има во Долнени кај село Зрзе, а гори и кај кичевското село Цер, каде се засилени екипите за справување со огнената стихија.

Нов пожар попладнево избувна на Плачковица каде е упатен ер трактор на ДЗС, а пожар избувна и во општина Илинден, во близина на Окта, каде интервенира Скопската противпожарна бригада.

Реактивиран е и пожарот во Пробиштип, кај село Неокази.

 -Во текот на август оваа година на територијата на државата имаме 667 пожари на отворен простор, меѓу  кои што 98 шумски пожари, од кои  што повеќето се претворија во големи шумски пожари, тешки за гаснење, пожари кои што ги исцрпуваат нашите ресурси, и човечки но и  материјално технички, вели Ангелов 

Според информациите на ЦУК под контрола се 9 пожари на отворено. Од ЦУК апелираат граѓаните да бидат исклучително внимателни, а доколку забележат сомнителни случаи или подметнувачи на пожари , да се охрабрат и да пријават во надлежните служби.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мировски преговори во Истанбул без Путин, Зеленски руските делегати ги нарече „статисти“

Дејан Дејан

Ексминистерот Бектеши во домашен притвор

Дејан Дејан

На македонските улици се гине за 50 отсто повеќе од ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе