Вести Македонија Најважни

Беснее пожарот во Гари, единствен спас интервенција од воздух

Веќе трет ден беснее пожар во планината Стогово над дебарското село Гари.

Според Џетан Мифтароски Командир на дебарската територијална противпожарна единица, засега интервенираат заедно со вработените на подружницата “Стогово” на ЈП” Национални шуми”.

-Станува збор за планински, недостапен терен. Гореше сува трева и ситно стеблеста шума, но денеска е проширен и зафатена е високо стеблеста шума. Засега нема опасност за селото, но единствен спас е интервенција од воздух, која ја побаравме уште вчера, рече Мифтароски.

Додава дека се јавиле и доброволци од ова и соседните села, но поради ризикот што доаѓа од пламените јазици, нивната необученост и немање соодветна опрема, не им е дозволено.

До сега станува збор за околу 60 хектари опожарена површина, но ако итно не се интервенира од воздух состојбата може многу да се влоши и пожарот да се прошири, вели Мифтароски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе