Вести Македонија Најважни

Бесправно градење кај хотелот „Дрим“ – ново обвинение за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко повторно се најде на тапет кај обвинителството за Злоупотреба на службена положба и овластување, а овој пат поради бесправно градење на објект кај базенот на хотелот „Дрим“. Мерко во 2019 година, освен што издал дозвола за реконструкција на постојниот базен во хотелот, како што барало правното лице, врз основа на основен проект изготвен во 2016 година, дополнително му овозможил да изгради уште еден кат на објектот со отворена галерија и тераса. Вкупната површина, според обвинението, била 513 метри квадратни и со проценета вредност од  781.527 евра.

„Со ова тој ги пречекорил границите на своите службени овластувања, постапил надвор од барањето за реконструкција и спротивно на постапките пропишани во Законот за градба, а со цел за друг да прибави имотна корист“, информираат од ОЈО Струга.

Обвинети се уште 10 физички и правното лице. Меѓу нив има референт и раководител од Секторот за урбанизам и просторно планирање на Општина Струга, кои го изготвиле и одобриле одобрението за градба со што несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности.

„Врз основа на вака незаконски издадено одобрение, инвеститорот – обвинетото правно лице и управителот започнале градба на објектот и наместо одобрениот кат – отворена галерија со тераса извеле целосно затворен кат со хотелски апартмани и спа-центар и уште една надградба – кат со затворен ресторански дел и помошни простории, какои дополнително изградена спојница – депанданс со стариот дел на хотелот“, соопштуваат од ОЈО Струга.

Вкупната површина на вака бесправно изградениот објект изнесувала 1.630 метри квадратни што било за трипати повеќе од дозволата за градба. Останатите седум обвинети во предметот се вештаци од областа на градежништвото, архитектурата и урбанизмот кои давале лажни наоди и мислења во кривичната постапка за бесправно градење.

Имено, струшкото обвинителство за време на истрагата побарало три вештачења од различни стручни лица кои тврделе дека објектот е изграден согласно техничката документација. Тие притоа, според обвинението, не навеле дополнителни забелешки за реалната состојба на лице место, а сите отстапувања ги констатирале како законски уредени измени при градење.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полемиката меѓу Муцунски и Османи околу преговарачката рамка не запира

Дејан Дејан

Шумски пожари беснеат во Франција и Шпанија, над стотици илјади луѓе се евакуирани – пожарникарите немоќни пред силата на ветрот

Дејан Дејан

Николовски: На автопатот Охрид-Кичево целосно завршени две галерии, на третата интензивно се работи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе