Вести Култура Македонија Топ вести

Неколку илјади домашни посетители и странски туристи се очекува да ја посетат „Галичка свадба“

Годинашното 50 издание на најавтентичната културно- сценска манифестација  кај нас „Галичка свадба“ која ќе се одржи од 12 до 14 јули и годинава ќе ја посетат неколку илјади домашни посетители и странски туристи. Институционален покровител на „Галичка свадба“е претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова. Ваквиот начин на обележување на Галичка свадба прв пат е одржан во далечната 1963- та година, а досега настанот имал вкупно 50 изданија.

Раскошните падини на планината Бистра и живописниот Галичник повторно се сцена на која илјада домашни и странски туристи ќе имаат имаат можност да уживаат во уникатните свадбарски обичаи и ритуали, богатиот колорит на народните носии, во изворните песни и автентичните ора кои се карактеристични за овој дел од нашата земја. Галичката невеста Стефана Димитрова и младоженецот Даријан Кочоски ќе го кажат суднбоносното ДА в недела на 14 јули.

Јас потекнувам од с. Галичник од фамилиите Чаловски и Веноски, двете мои баби се родени таму и гордо кажувам дека ова ќе биде десетта година по ред како се облакам во носијата на мојата прабаба Докија Чаловска и токму од таму произлезе тоа чувство на припадност и желба да се венчаваме со Даријан во црквата „Св. Петар и Павле“. Но покрај тоа што беше тоа моја желба многу е поважно кој ми ја исполни таа желба и му благодарам на Даријан што уште еднаш ми покажа што значи вистинска љубов и разбирањеизјави Стефана Димитрова, галичка невеста  

 

Особена чест и задоволство е што сум дел од Галичката свадба пред се како младоженец и најважно е што ја чуваме македонската традиција. Да се заблагодарам и на МЗ Галичник што направи добар избор и нѐ одбра нас изјави Даријан Кочоски, младоженец

Најголема потврда за важноста на оваа манифестација е што и по толку децении не стивнува интересот на младите, туку напротив расте и тие  да бидат дел од „Галичка свадба.

Тоа е посебен знак дека успеавме во нашата мисија да ги одржиме витални нашите обичаи и вредностите на традицијата која сме ја наследиле и ја пренесуваме на следните генерации. Со поддршка на долгогодишните партнери Галичник е подготвен на сите посетители годинава да им ја презентира богатата и уникатна традиција на која ѝ се восхитуваат сите што ја запознале  изјави Александар Костиќ,МЗ Галичник 

 

Ова партнерство кое непрекинато трае неверојатни половина век е доказ дека и Галичка свадба и Пивара Скопје ги врзуваат едни исти вредности, негување и грижа за традицијата, за културното наследство како и зближување на луѓето на настани кои се исполнети со позитивна енергија и зближување изјави Марија Мининчиќ, менаџерка за партнерстава со заедницата во Пивара Скопје

И оваа година ќе биде воспоставен специјален сообраќаен режим, со апел до посетителите да бидат одговорни во конзумирањето алкохол, да не возат доколку пијат и да се грижат за околината и природата на уникатниот Галичник.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиства и братоубиства како огледало на човечката несреќа и фракционерство

Igor Trajkov

Преку одговорно сопствеништво, вдомување и стерилизација до намалување на бројот на улични кучиња

Igor Trajkov

Ѓорѓиевски од „Македонско прасе“: Неопходни се засилени контроли

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе