Вести Македонија Најважни

Условни казни за упадот во М-Нав и нападот врз контролор на летање, обвинителството тврди дека ЕУРОКОНТРОЛ ја „спасил“  групата на Беким Незири од ДУИ

Условни казни за 7-мината кои учествуваа во упадот во М-нав, соопшти обвинителството кое објаснува дека врз основа на доказите кои ги добиле од Еуроконтрол, го преиначиле кривичното дело.

Така, групата на функционерот на ДУИ, Беким Незири наместо за загрозување на воздушниот сообраќај била обвинета за „Спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ по што обвинетите се спогодиле со обвинителот.

Признале вина и за возврат добиле условни казни. 6-мина од нив добиле казна затвор во траење од шест месеци, која нема да се изврши доколку во рок од една година и шест месеци по правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело. Меѓу нив е и Беким Незири,лидерот на огранокот на ДУИ во Чаир кој работи во Контролата на летање.

Еден од насилниците добил условна осуда со заштитен надзор, односно казна затвор во траење од две години, која нема да се изврши доколку во рок од пет години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.

Доколку беа гонети за загрозување на безбедноста во воздушниот сообраќај, казните ќе беа минимум десет години затвор.

Инцидентот се случи на почетокот на јануари кога еден контролор на летање беше нападнат од групата која влегла во зградата на М-Нав. Инцидентот се случил во непосредна близина на кулата за летање од каде се наведува воздушниот сообраќај.

Повеќе во вестите на Телма во 12:30, 15:30, 18:30 и 21:30.

Обвинителството за упадот во М-НАВ и условните казни: Немало докази дека била загрозена безбедноста (СООПШТЕНИЕ)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ралев: Урбанизмот е првиот одбранбен штит на Скопје – но кај нас сега физичките закони се во судир со социјалните, па поради приватна сопственост секој има право да гради

Дејан Дејан

Ангелов: пожарот во парк шумата Гази Баба е ставен под контрола

Дејан Дејан

МЕТЕОАЛАРМ: Силен ветар се приближува кон територијата на Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе