Вести Македонија Најважни

Османи: И Македонија и Грција ги исполнија клучните обврски од Преспанскиот договор

И министерот и заменик министерот на Грција денеска во Скопје на завршниот настан на претседавањето на Македонија со Процесот на соработка во Југоисточна Европа, но и со разговор со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи. Со заменик министерката Александара Пападопулу, Османи лично на тет-а-тет средба си ги размениле ставовите и пораките за актуелните случување меѓу двете земји, додека со Герапетритис, утрово го направиле тоа телефонски, бидејќи тој само два часа ќе престојува во Македонија, претствувајќи ја Грција на самитот на шефови на држави и влади на кој е домаќин претседателката Гордана Силјановска Давкова.

„Ги покренав јас тие прашања за нивните обврски и тие ги покренаа за нашите обврски и се согласивме дека во добра волја треба да продолжиме да ги почитуваме договорите, бидејќи тие се дел од нашето внатрешно уредување и дел од меѓународните  обврски што ги имаме преземено двете држави“, изјави Османи.

Притоа од грчка страна немало најави за вето кон Македонија за неспроведување на договорот, бидејќи и двете страни изразиле надеж дека ќе се почитуваат обврските кои ги презеле. Она што останува незавршено, како што информираше Османи, е многу помалку од она што се завршено и е суштинско – промена на името од македонска страна и членството на земјава НАТО и поддршката за ЕУ за Македонија од грчка страна.

Османи за вчерашната изјава на мандатарот, Христијан Мицкоски, дека е подготвен документ во кој се наведено колку која страна исполнила од Преспанскиот договор, рече дека немало потреба да го прават тоа.

„Немало потреба да се подготви само требало да се бара од МНР. Ние на неделна основа имаме статус на имплемнтација на обврските. Имаме ексел табела во мкоја што точно секоја недела ме известуваат до каде е Грција, до каде сме ние. Ние имаме МРТ, МАНУ закони во Собрание кои што не се имплементирани, Грција ги има меморандумите и две –три сообраќајни табли, од кои две сменија  пред неколку месеци. Значи тоа се останатите обврски. Суштинските обврски – НАТО и ЕУ, Грција нема нема тука направено никакво поместување“, рече Османи.

Тој притоа е дециден дека устната употреба на терминот на „Македонија“ од официјалните македонски претставници, освен што е неуставно, туку и ги подгрева очекувањата кај граѓаните дека името може да смени, што, како што вели Османи, нема да се случи.

Тој откако вчера и даде совет на идната влада околу почитување на договорот со Грција, денеска и со конкретен пример како таа да го направи тоа.

„Кажете, ни ене сме го изгласале, ние сме биле против, овие предавниците го направија тоа, ние мора да го почитуваме. Тоа е фер однос кон државата“, рече Османи.

Османи претседавањето со ПСЈИЕ денеска и го предаде на Албанија која ќе го предводи процесот во идните 12 месеци. Притоа тој рече дека претседавањето на земјава било успешно и ја потврдило соработката на 13 дежави од Југоисточна Европа, особено заложбата за интеграцијата на земјите од Западниот Балкан во ЕУ, при што рече дека земјите си ги знаат слабостите и обврските и треба да ги удвојата напорите за да го исполнат тоа, но побара и утврдување на временска рамка за проширување на Унијата.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе