Вести Македонија Најважни

Милошоски, Бендевска и Митрески – потпретседатели на Собранието

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, пратеничката Весна Бендевска од ЗНАМ и поранешниот претседател на Собранието, Јован Митрески од СДСМ ќе го менуваат Африм Гаши во отсуство.

Денеска беше одлучено, собранискиот спикер да има тројца потпретседатели кои ќе бидат изгласани на утрешната седница. За ова гласање не се очекува да има проблем, но затоа сѐ уште е неизвесно, кога и дали ќе биде изгласан Законот за локална самоуправа што го подготвуваат од коалицијата „Вреди“.

За него е потребно двотретинско мнозинство, а дали ќе се повтори поддршката што ДУИ веќе еднаш ја дадоа на мнозинството, сѐ уште не откриваат. Координаторот на пратеничката група, кој и самиот ја напушти градоначалничката функција за да стане пратеник, не сакаше да го каже ниту својот личен став.

Од „Вреди“ предлагаат, во општините каде градоначалниците станаа пратеници, а набрзо ќе станат и министри, да не се одржуваат предвремени избори, туку, нивната функција до локалните избори да ја врши в.д. градоначалник, кој ќе има можност да ја извршува функцијата два пати по шест месеци.

Се работи за општините Гостивар, Сарај и Аеродром, каде, по актуелниот закон, во ноември или декември годинава треба повторно да има избори. Сметаат дека два пати во рок од една година се само трошок и малтретирање на граѓаните.

Условот е, на градоначалникот да му поминал повеќе од половина мандат.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ралев: Урбанизмот е првиот одбранбен штит на Скопје – но кај нас сега физичките закони се во судир со социјалните, па поради приватна сопственост секој има право да гради

Дејан Дејан

Ангелов: пожарот во парк шумата Гази Баба е ставен под контрола

Дејан Дејан

МЕТЕОАЛАРМ: Силен ветар се приближува кон територијата на Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе