Граѓаните во Македонија трошат огромни суми на пари за коцкање и кладење. Компаниите кои се занимаваат со оваа дејност тријат раце, нивниот приход од говина во година е во постојан пораст.
Во 2023 година во Македонија имало 58 правни субјекти кои се занимавале со коцкање и обложување, а приходот кој го направиле бил 800 милиони евра. Толку пари оставиле граѓаните во коцкарници и обложувалници.
Компаниите кои се занимаваат со оваа дејност, имале чиста добивка од 70,4 милиони евра, покажува анализата на порталот „Пари“.
Компаниите со дејност обложување и игри на среќа имаат 7.745 вработени и се сериозен „полнач“ на државниот буџет од придонеси и даноци.
Фирмата која се занимава со оваа дејност и која со години го држи првото место по заработка, само претходната година пријавила приход оф 194,5 милиони евра кој пак во споредба со претходната година е поголем за 33 отсто.