Вести Македонија

Убиецот на Танкица Младеновска од Кочани, утринава пронајден мртов во притворската келија

Убиецот на Танкица Младеновска од Кочани, e пронајден мртов во притворската келија утринава.

Ненад Цветковиќ директор на Затвор Куманово во селото К’шање за МИА ја потврдува информацијата дека телото на осуденото лице е пронајдено околу 6 часот.

Посочува дека се известени јавното обвинителство и судот, а телото е предадено на обдукција.

Усеин Рашидов лани со 40 убоди ја умсрти Танкица. Тој беше осуден на доживотна казна затвор.

Пресудата на Основниот суд во Кочани се уште не е правосилна, бидејќи течат жалбените постапки, а во овој суд во тек беше и постапката за Рашидов за сторено кривично дело уцена, бидејќи со години изнудувал пари и ја уценувал Танкица со компромотирачки фотографии.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Ристевска: Прво ви велат „Сменете го Уставот“, а потоа ви велат „Билатералните спорови надвор“- контрадикторно е

Дејан Дејан

Министерството за правда информира дека се неточни тврдењата дека ќе се изгубат средствата од реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе