Вести Македонија Најважни

Гаши: Северна Македонија е моја татковина

Гаши со фејсбук статус во обид да се објасни што мислел кога рекол дека Косово е негова татковина. По бурните реакции во јавноста и по повикот од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и најверојатен иден коалиционен партнер во новата Влада да се извини на граѓаните доколку навистина изнесол таков став, новиот собраниски спикер вели дека неговата изјава е извадена од контекст и дека написите кои беа објавувани деновиве се само за публицитет и не се вистинити.

Во неговото образложение на Фејсбук пишува дека Косово е родно место или татковината на неговите родители ѝ како такво, го почитува заради нив. Но потенцира дека негова татковина е местото каде е роден, живее и работи тој и неговото семејство, а тоа е Северна Македонија.

Додава дека дој е претседател на Собранието на сите граѓани на Република Северна Македонија.

Мицкоски го доби мандатот за состав на Владата и тврди – „имаме двотретинско мнозинство“, на ДУИ им порача да не создаваат меѓуетнички провокации, а на Гаши да се извини ако изјавил дека татковина му е Косово

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Приведени осуммина кај кои полицијата пронашла дрога

Дејан Дејан

Во село Лабуништа пронајден човечки череп

Дејан Дејан

Димитриевски: ЗНАМ не е создадено за да биде дел од старите политички матрици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе