Вести Македонија Најважни

Мицкоски утре очекува мандат, договорено и двотретинско мнозинство?!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, очекува утре да го добие мандатот за нова влада. Преговорите со идните владини партнери се при крај, но не сакаше да открие повеќе детали околу кадровските решенија.

Мицкоски денеска ги поднесе измените на Законот со кој се предвидуваат нови министерства, но и се префрлуваат ингеренциите од едни министерства на други.

Со нив, се воведуваат четири нови министерства: за енергетика,  рударство и минерални суровини,за дигитализација, за администрација и за спорт. Кон министерството за економија се спојува секторот  труд, кон министерството за социјална политика се додава демографија и млади, а кон министерството за култура – туризам. Мицкоски очекува законот да се најде на седница веќе во петок, а најдоцна до вторник да биде изгласан. Не откри кои се пратениците од опозицијата кои ќе му обезбедат двотретинско мнозинство.

Меѓу измените што ги најави за понатаму, се и укинување на техничката влада и законите кои го регулираат изборот на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, кои, како што рече, треба да се избираат од нив самите, а не од политичките партии како досега.

Измените во законот за локална самоуправа, со кои ќе се овозможи, да нема избори во општините чии градоначалници ќе станат пратеници или министри, ќе ги предложат коалиционите партнери од „Вреди“.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Сторија од Преспа: Природата не е депонија!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе