Вести Култура Топ вести

„ Кимоно инспирации“ од влијанието на јапонската култура и традиција врз уметникот Благој Мицевски

По прикажувањето пред битолската публика во март , изложбата „ Кимоно инспирации“, пристигна во Музејот на град Скопје. На неа костимографот и режисер Благој Мицевски, инспириран од традиционалните јапонски кимона, прикажува негови творби од ткаенина и фотографии со кимона, од кои дел се креирани како костими за ликовите од неговите или од претстави на други режисери, поставени во Битолскиот театар. Настанот го организира здружението Пагода, по повод 30 годишнината од воспоставувањето на билатералните односи меѓу Македонија и Јапонија.

Влијание на јапонската култура и традиција врз македонските уметници. Вака накусо може да се опише изложбата „ Кимоно инспирации“, отворена во Музејот на град Скопје. На неа , нашиот истанат костимограф и режисер, Благој Мицевски, ги претставува сопстените инспирации од традиционалната јапонска облека – кимоно. Тој вели, дека се вљубил во кимоното пред 3 децении, кога како студент во Загреб, на отсекот за дизајн на текстил и облека при Технолошкиот факултет, ја посетил изложбата „ Кјото- цвет на културата на Јапонија“, каде меѓу останатите експонати, биле изложени и кимона.

  • Тоа отвори еден сосема друг свет. Затоа што едно е кога ги гледаме работите на фотографија, а друго е кога ќе ги видиме во живо. Тогаш се гледа количината на трудот, вложен во нив, традицијата, техниката на изработка- ткаени, везени и т.н. И тоа беше љубов на прв поглед. И ден – денес го имам каталогот кој што ми служеше за инспирација. А, потоа низ годините собирав и многу друг материјал како кимоно инспирации. И од сите познати јапонски дизајнери, од Јамамото, Миаке, Кензо, Реикава Кубо и т.н, кажа авторот на изложбата , Благој Мицевски.

15 кимона и уште толку фотографии на кои тие се прикажани , ја сочинуваат изложбата. Дел од нив Мицевски ги креирал како костими за ликовите од негови, или за претстави што ги поставиле други режисери во Битолскиот театар, каде тој е вработен. А, другиот дел се специјално креирани кимона за потребите на изложбата. Прикажаните сини и зелени кимона на фотографиите, се костими од претставата „ Аудиција“, во режија на Мицевски, а пак тие со интензивни бои, ја доловуваат јапонската филозофија на животниот циклус, со повторување на годишните времиња, со цел за секое од нив да има по едно кимоно, вели костимографот.

Изложбата е еден од настаните со кои годинава се одбележуваат 30 години од воспоставувањето билатерални односи меѓу Македонија и Јапонија.

  • Воодушевен сум што сум сведок на настани од овој карактер, кои придонесуваат за промовирање на јапонската култура, преку прикажување на убавината, инспирирана од традиционалното јапонско кимоно. Кимоното има посебно место во јапонската култура, уметност и елеганција, рече Оцука Казуја, амбасадор на Јапонија во Македонија.

На отворањето на изложбата, беше прикажана церемонијата на подготовка и служење на јапонскиот чај мача. Тој се прави од иситнети како пудра, листови од зелен чај .

  • Чајанката е покажување гостопримство , за добредојде на гостинот. Јас денеска го канам Благој, како мој гостин. Јас ќе го послужам со чај, со почит братот, како главен гостин, кажа Јапонката Јоко Сакагучи, која веќе 7 години живее во Македонија.

А, химната на земјата на изгрејсонцето , фолклорна и современа јапонска музика, на настанот изведоа флејтистите Стефана Марковиќ и Симе Златков.

Настанот го организира здружението Пагода , кое се занимава со промоција на источно- азиската култура.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе