Вести Избори 2024 Македонија

Струмичко Трибичино за прв пат нема гласачко место, 8-те запишани гласачи гласаат во соседно Едрениково

Изобилува со вода, со природна убавина, но и нови куќи во кои се наѕира живот. Но, во Трибичино смеата и џагорот се слушаат само за викенди. Иако во непосредна близина на Струмица, селото првпат нема свое избирачко место. На избирачкиот список се запишани осум гласачи, но за овие избори ќе гласаат во најблиското село, Едрениково.

Маре е една од оние што во селото сега доаѓа само за разонода. Вели, ништо не му недостига, совен луѓе. Порано немале пат, а сега кога е направен, младите не се охрабруваат трајно да се вратат.

Едрениково е соседно село. Не е далеку и гласачите од Трибичино би можеле да стасаат. Но, досега никој не дошол на гласање.

Иселувањето е загрижувачко и во ова населено место. Жителите се главно тутунари, но, незадоволни од економската состојба, бараат чаре во Западна Европа.

Трибичино и Едрениково се села во струмичката Општина Василево. Од градот се оддалечени десетина километри, но, она што го посакуваат за своите потомци, најчесто се наоѓа илјадици километри од нивите родни места.

Сузана Мицева

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Стационарот Лана ќе се отвори за две седмици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе