Вести Избори 2024 Македонија Најважни

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Од утре стартува гласањето за двојните избори. Правото на глас ќе го искористат болните и немоќни лица во домашни услови, а утре избирачките места во затворите во земјата ќе се отварат во 7, а ќе се затворат во 19 часот. За вториот круг на претседателските и за парламентарните избори зголемен е бројот на пријавени болни и немоќни лица, кои утре ќе ги посетат членовите на избирачките одбори, за да гласаат во домашни услови. Според податоците на ДИК утре за претседателските избори ќе гласаат 11.123, а за Парламентарните избори бројката на болни и немоќни лица е поголема за 102 избирачи или ќе гласаат 11.225 болни и немоќни лица. И во Штип бројката за двојните избори е зголемена за 50 болни и немоќни лица, со што утре во домашни услови ќе гласаат 208 лица.

На 8 мај на избирачките места ќе има две гласачки кутии, едната за избор на нов претседател, а втората за избор на пратеници. Гласачите ќе имаат право само еднаш да пристапот до избирачкото место.

На 8 мај, на вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, додека на парламентарните избори 1.815.350 избирачи. Разликата во гласовите е 1033, генерално поради граѓани кои стекнуваат полнолетство. Во посебните изводи од Избирачкиот список за лица кои поднеле пријава за гласање во дипломатско конзуларните претставништва или конзуларни канцеларии се запишани 2.569 избирачи, а во затворите или во притвор 2.147 избирачи. Запишани се и 534 избирачи згрижени во установите за вон семејно згрижување, а во Избирачкиот список запишани се и две внатрешно раселени лица.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Во поплави во Конго 62 лица го загубија животот, а 50 се водат како исчезнати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе