Вести Избори 2024 Македонија Најважни

Почна транспортот на гласачки ливчиња

Вкупно 1.814.000 гласачки ливчиња со имињата на 7-мината кандидати за претседателските избори беа спакувани во картонски кутии со заштитен печат. Вработените во битолската печатница „Киро Дандаро” рано утрово со вилушкари ги товараа ливчињата во транспортни комбиња и камионети.

Почетокот на транспортот од печатница до Општинските изборни комисии го обезбедуваа полициски единици, а таму беа присутни и претседателот, потпретседателката и членовите на Државната изборна комисија (ДИК).

Членовите на ДИК и претставници на печатницата извршија примопредавање на доверливиот гласачки материјал од печатницата по што конвојот излезе од фабриката под силна полициска заштита и тргна кон седиштата на 80-те општински изборни комисии

– Дистрибуцијата се одвива во 17 однапред определени рути. Организационо сме подготвени, по тој тек ќе се одвива дистрибуцијата и ќе се заврши во текот на денешниот ден, изјавија од ДИК.

Во текот на утрешниот ден ќе се изврши и дистрибуција на уредите за биометриска идентификација.

  1. Отпечатени се  вкупно 1. 814.000 ливчиња бидејќи толку гласачи се евидентирани на Избирачкиот список.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Скопје по невремето – откорнати дрвја, кровови и огради по улиците и училишните дворови

Sonja Petrusevska

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе