Вести Магазин

Директорат за сексуални работнички се отвори во Колумбија

Во Богота, Колумбија  се отвори Директорат за сексуални работнички кој ќе има за цел да  креира, усвојува и да ги гарантира нивните права, се наведува во соопштението на колумбиското Министерство за еднаквост, под кое спаѓа Директоратот. Со ова тело ќе раководи трансродовата феминистка и активистка за човекови права Шарлот Каљехас.

Во изјавата за медиумите Каљехас истакна: ,,Jа потврдувам мојата намера да изградам мостови на соработка, кои ќе ме поврзат со другите административни сектори за жени, кои се жртви на трговија со луѓе и сексуална експлоатација.”

Активистката Каљехас има над 25 години искуство во застапување на правата на сексуалните малцинства, во јавниот и во приватниот сектор. Таа има работено во Министерството за внатрешни работи и во Одделот за социјален просперитет.

Ако се вратиме во минатото, во Колумбија, проституцијата е легализирана уште во1970 година. Активноста е регулирана и ограничена во бордели кои се специјално одредени според „Зони на толеранција“, како што е населбата Санта Фе во Богота, каде што таквите активности се дозволени. Во исто време, сексуалната експлоатација и трговијата со луѓе е забранета, како и експлоатацијата на малолетници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Извештајот за непотребните операции на срце поминал на затворена владина седница, откри Клековски без да даде повеќе детали

Дејан Дејан

Руте бара од членките на НАТО јасен план за преземање на поголем дел од трошоците

Дејан Дејан

Украина бара лиценца за производство на ракети за системите за воздушна одбрана „Патриот“ – тоа би било доволно за заштита, вели Зеленски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе