Вести Македонија Најважни

Обид за убиство на градоначалникот, Арачиново под полициска опсада, се трага по напаѓачот кој рани две лица во средe бел ден

Хеликоптери во воздух, блиндирани транспортери по улиците. Арачиново е под опсада се трага по напаѓачите кој се обидоа да го убијат граоначалникот Ридван Ибраими.

Првиот работен ден од неделата започнал со редовни активности на општината. Ибраими, немал среќа туку го спасила брзата реакција од едно лице присутно до него, кое го оттурнало кога почнале рафалните истрели и на тој начин му го спасило животот, сведочат околните жители.

Таква среќа немал возачот на Ибраими, и уште еден вработен во општината.

Во првата пријава, стоело дека станува збор за непознато лице вооружено со автоматска пушка, кое откако излегло од куќата почнало да пука кон групата на градоначалникот.

Возачот на градоначалникот, Адвин Ајдини, е веднаш префрлен на Ургентниот центар поради со прострелни рани во градите и таму му е извршена итна операција. Тешко повредениот Ајдини е на 21-годишна возраст и ќе го преживее нападот, информираат од клиниката..

По два часа операцијата е завршена, на пациентот кој е примен со една влезно-излезно рана му е отстранет дел од белодробното крило. Ноќтта ќе ја помине на клиниката за интензивна нега, а од утре очекуваме да се стабилизира неговата состојба. Од оглед дека е млад и во добра здравствена кондиција  лекувањето ќе оди брзо, вели директорот на клиниката за торакална-васкуларна хирургија – Скопје

Вториот ранет во инцидентот е вработениот во општина Арачиново кој со приватно возило е однесен во Хируршката болница „Наум Охридски“ во центарот на Скопје со повреда во десното рамо.  Градоначалникот и обезбедувањето (вработен во МВР) не биле повредени.

Обвинителството издава наредби, а МВР го чешла теренот, се прегледуваат и безбедносните камери за да се фати пукачот од Арачаиново.

Во врска со настанот во Арачиново, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место, издаде наредби за прибирање траги и вршење соодветни вештачења. Ќе биде издадена и наредба за обезбедување снимки од видео надзор од околни објекти, како и за преземање други дејствија, се наведува во првичната информација.

Градоначалникот на Арачиново доби полициско обезбедување после повеќе напади врз него и му беше нарушена безбедноста.

Од тоа што е јавно познато е дека Ибраими има еден познат непријател, а тоа се членови на семејството Ајвази. Тројца од нив одговараат за насилство, по нападот врз градоначалникот. Тие се членови на семејството на првиот човек на огранокот на ДУИ и поранешен градоначалник на општина Арачиново, Брахим Ајвази.

Сегашниот градоначалник Ридван Ибраими, тогаш соопшти дека нападот врз него го извршиле три лица кои штотуку почнале со работа, а оти мотивите се поврзани со неисполнување на нивните лични и деловни барања.

Неофицјално првични сомнежи за вооружениот напад врз градоначалникот на Арачиново се поврзани со стара расправија со семејството Ајвази од селото, расправија која е поврзана со земјиште на влезот во Арачиново во близина на фудбалскиот стадион, тврдат за Телма, полициски извори.

Сведоци веќе посочиле дека еден од учесниците во нападот е и лицето Мурат Ајвази кој е осомничен за убиство извршено во 2007-ма и оттогаш е во „успешно“ бегство од полицијата и надлежните органи.

Бегалецот Ајвази во два наврати во 2010-та и во 2011-та имал и престрелки со полицијата која по дојава се обидела да го уапси во тој период. Сега името на Мурат Ајвази повторно се спомнува по денешниот инцидент за напад со автоматско оружје врз група во која бил и градоначалникот на Арачиново Ридван Ибраими.

Павле Беловски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Воз удри во автомобил кај Зелениково – МВР соопшти дека нема повредени

Дејан Дејан

Димовски: Потребна ни е сплотеност за подобра иднина на државата

Дејан Дејан

Потрошувачката кошничка не смее да се крати од четиричлено на тричлено семејство – интервју со Менди Ќура

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе