Култура

Археолошкиот музеј низ стогодишното постоење стамено се движел низ историските предизвици

Археолошкиот музеј како темел на македонската археологија и музеологија и прва музејска установа во Македонија, денеска одбележа еден век од формирањето. Низ стогодишното постоење оваа институција ги менувала имињата и просториите за работа, но стамено се движела низ сите историски настани и предизвици, кажа директорката Славица Бабамова во поздравниот говор пред присутните. На свеченоста во малата сала на Филхармонијата , на заслужни вработени, поранешни директори на Археолошкиот музеј и професори, им беа доделени специјални награди за исклучителен придонес во работата и развојот на музејот, на самата арехологија, музеологија и за промоцијата на македонското археолошко наследство дома и во странство.

  • Низ ова стогодишно постоење , установата добивала различни имиња . Стамено се движела низ сите историски настани и предизвици. Се здружувала и се раздружувала со сродни институции. Ги менувала просториите за работа и изложбените простори . Но, суштината постојано ја сочинувале археолошките премети и грижата за македонското археолошко, културно наследство, кажа Славица Бабамова, директорка на Археолошкиот музеј.
  • Требаше еден ден да излезе на мегдан фактот дека Археолошкиот музеј на оваа територија , да речам владее или постои 100 години. Јас овие 100 години ги кажувам поради фактот што тие се само 5 години постари од мене, рече историчарот на уметност, доктор Коста Балабанов, при врачувањето на наградата.
  • Се надевам дека државата ќе знае ова да го цени. И во иднина музејската дејност , археологијата , да биде еднакво вреднувана како овој стогодишен јубилеј, кажа професор доктор Елеонова Петрова-Митевска, примајќи ја наградата.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиства и братоубиства како огледало на човечката несреќа и фракционерство

Igor Trajkov

Со наградите за животно дело – започна 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Започнува 60. Јубилеен МТФ „ Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе