Вести Свет Топ вести

25 години затвор за „Кралто на крипто-валутите“ поради финансиска измама

„25 години затвор за кражба на осум милијарди долари од клиенти на сега банкротираната берза за криптовалути ‘FTX’“ – пресуди американскиот суд во Менхетн во случајот со Сем Бенкмен-Фрид кој се смета за една од најголемите финансиски измами во историјата на САД.

Според судијата Каплан, 32-годишникот се однесувал како „пресметлив математички гениј кој барал моќ и влијание додека свесно правел погрешни постапки“. Иако Бенкмен-Фрид се извинил за колапсот на берзата и серијата лоши одлуки, во неговото однесување не било демонстрирано каење за постапките. Освен затворската казна на Бенкмен-Фрид ќе му биде одземен и имот од 11 милијарди долари.

Инаку, таканаречениот „Крал на крипто-валутите“ беше уапсен во декември 2022 година на Бахамите по налог на американското обвинителство откако неговата фрима банкротираше. Обвинителите го товареа Бенкмен-Фрид дека ги лажел инвеститорите и заемодавачите, како и дека украл милијарди долари од берзата за крипто-валути, што предизвикало да се забрза нејзиниот колапс. Обвинението се однесуваше за седум точки за измама и перење пари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачевски заминува, СДСМ во јуни ќе бира претседател и раководство

Дејан Дејан

Сите се прогласија за победници во албанскиот блок, но кој ќе биде иден партнер во Владата?

Дејан Дејан

Преговори за влада од следната недела, ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе