Вести Македонија

Децата со три дози Ди-Те-Пер од денеска се враќаат во градинките

Градинките денеска ги отвораат вратите за децата кои примиле три дози од вакцината ДиТеПер. Условот е во наредните шест месеци тие да примат и ревакцина.

Од националниот комитет за имунизација објаснија дека ваквата одлука следи по проценката дека дете вакцинирано со три дози во последните шест месеци ќе биде оптимално заштитено. Државниот санитарен и здравствен инспекторат изминатата недела изврши стотина вонредни инспекциски надзори низ градинките, а контролите ќе продолжат и во наредниот период.

Вкупно во земјава се евидентирани 216 случаи на голема кашлица, а 88 проценти или 190 се во главниот град, каде е прогласена епидемија на голема кашлица на 8 февруари.

Поразителни се бројките за имунизација на децата кои посетуваат градинка во Скопје.

Дури 50 проценти од нив не се вакцинирани, за разлика од градинките во внатрешноста каде опфатот со вакцина е над 95 проценти.

Надлежните апелираат за масовна вакцинација на децата, а веќе пристигнаа и вакцините за возрасни, кои не се задолжителни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Собранието ја изгласа потребата за носење на Изборниот законик по скратена постапка

Sasko Dimovski

Усвоен е новиот Закон за игри на среќа и за забавни игри

Sasko Dimovski

ССК: Анализа на цените пред и по кризата, за да се знае каде треба да има намалување

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе