Вести Македонија Најважни

Децата со завршена примовакцинална серија во последните шест месеци да можат во градинка со услов ревакцина во наредните шест

Децата кои во последните шест месеци примиле три дози ДиТеПер вакцина ќе може да се вратат во градинка, но со услов во наредните шест да се ревакцинираат. Ова е предлогот на Комисијата за заразни болести кој ќе го достави на разгледување до министерот за здравство Илир Демири.Откако Демири ќе го одобри и ќе го каже на инспекторите од здравствениот инспекторат, децата кои ги исполнуваат овие услови ќе може да се вратат во градинките.

„Дете кое што ќе биде вака вакцинирано со примоимунизација од три дози ќе биде заштитено, меѓутоа оптимално, далеку од она што треба да се постигне со три дози и две ревакцини. И тоа дете понатаму треба да го сметаме да може да функционира, но да знаеме дека на тој начин епидемијата ќе добие и малку продолжен тек. Затоа апелираме до родителите, најитно што може да се упатат во вакциналните тимови и да овој редослед на вакцини го остварат“, вели Александра Грозданова Претседателката на Националниот комитет за имунизација.

Состојбата со големата кашлица во моментов во земјава не е стабилна поради неодговорното однесување на родителите а трите дози не се доволни за траен имунитет велат од Комисијата за заразни болести и апелираат до градинките да вршат поинтензивна проверката на вакциналните картони.

„Не постојат некакви потврди за привремена спреченост од вакцинација кои често родителите ги бараат. Постојат само потврди за трајна спреченост од вакцинација тие се тие потврди кои се издаваат од трочлена комисија на клиниката за детски болести, но вакви потврди за привремена спреченост не издаваат и не се валидни, ниту од матичен лекар ниту од клиника, ниту од друга некаква комисија“, вели Александар Петличковски Комисија за заразни болести.

Доктор Петличковски не ја исклучи можноста да се излезе со построги епидемиолошки мерки во наредниот период, во зависност од развојот на ситуацијата со пертусис состојба која е регистрирана кај 170 случаи во Скопје и 200 во цела држава.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе