Економија

Јавниот долг заклучно со мај достигна  53,3 проценти од  БДП

Јавниот долг на земјава за два месеци пораснал за 2,6 проценти и заклучно со мај изнесува 53,3 проценти од БДП. Но тука не се  влезени парите од еврообврзницата вредна  700 милиони евра. Министерката Ангеловска вели се прават пресметките и податоците заклучно со вториот квартал ќе ги објават наскоро.

Приходите во буџетот пак за шест месеци се пониски за 9, а само во јуни паднале за 9,6 проценти. Затоа пак расходите во првото полугодие пораснале за речиси 10  проценти. Ангеловска е задоволна од резултатите – тврди има опоравување на економијата оти очекувањата за јуни, биле дека приходите ќе паднат за 20 проценти.

 Споредено со претходните два месеци забележуваме дека се работи за дупло помал пад, односно се гледа раздвижување, рече Нина Ангеловска, министерка за финансии

Во дражавната каса во јуни се прибрани за  14,4  проценти помалку пари од даноци, а само од ДДВ се помалку за 7,5 проценти. Буџетскиот дефицит се искачил на 3,8 проценти од БДП и достигнал 420 милиони евра. Зголемените расходи, според Ангеловска се должат на мерките за справување со Ковид 19, но и зголемените пензии, плати и социјална помош.

Тоа се 10 милијарди денари. 5,5 милијарди денари, точно 5,4 милијарди денари се исплатени само за мерките ковид програми за реализација во буџетот. Дополнително останатите средства се 900 милиони денари има зголеми обврски за здравствениот, рече Ангеловска.

Тврди буџетот е ликвиден, нема треба нов ребалан, а има простор и за одговор на  евентуални нови шокови предизвикани од здравствената криза.

Александра Филиповска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Николовски: На автопатот Охрид-Кичево целосно завршени две галерии, на третата интензивно се работи

Дејан Дејан

Николовски во Телма интервју: Сите нови вработени кои се помлади од 40 години се вклучуваат во вториот пензиски столб

Kristina Kuzmanovski

Што стои зад договорот за унгарскиот кредит за кој новиот премиер Маѓар најави истрага

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе