Останато Спорт

Џошуа со технички нокаут го совлада Валин, а Паркер го изненади Вајлдер (ВИДЕО)

Синоќа во Саудиска Арабија се одржа боксерски спектакл во тешка категорија во кој настапија неколку поранешни и актуелни светски шампиони. Ентонио Џошуа го победи Ото Валин, додека Џозеф Паркер го шокираше Деонтеј Вајлдер.

Во главниот меч на вечерта во Ријад, Џошуа доминираше против Валин. Тимот на Швеѓанецот реши да ја прекине борбата по петтата рунда. Британецот сега е во серија од три победи по ред откако претходно два пати беше совладан од Олександер Усик и има скор од 27 победи и три порази во кариерата. Следен ривал на Џошуа веројатно ќе биде Хрватот Филип Хрговиќ.

Вајлдер требаше да го победи Паркер за да обезбеди пресметка со Џошуа во 2024 година, но тоа не се случи. Американецот заслужено загуби од боксерот од Нов Зеланд со едногласна одлука на судиите. Вајлдер го запиша третиот пораз на последните четири борби во кариерата, откако претходно два пати загуби од Тајсон Фјури, а единствено го победи Роберт Хелениус. Сега е на 43 победи, три порази и едно реми во кариерата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Навивачите со камења и пиротехника, полицијата со солзавец, шок-бомби и водени топови – нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе