Вести Македонија Топ вести

ХТЛ – Без оглед што сме малцински сопственик, дадовме најповолна понуда на тендерот

Новата државна видео лотарија му дала тендер од 3,7 милиони евра на сопствениот газда - ХТЛ Македонија, во сопственост на австриски Новоматик

Сè е согласно законот, имаше повеќе понудувачи, а ние дадовме најевтина понуда, реагира денеска фирмата ХТЛ, дел од австриската групација Новоматик, откако вчера објавивме дека Новата државна видео лотарија НОВО ВЛТ му дала тендер од 3,7 милиони евра на странскиот партнер на државната лотарија.

Новата Државна Видео Лотарија – НОВО ВЛТ за скоро 228 милиони денари, односно за 3,7 милиони евра ќе набави 462 коцкарски апарати, односно ВЛТ-терминали. Тендерот го доби фирмата ХТЛ Македонија, во сопственост на австриски Новоматик.

Фирмата НОВО ВЛТ беше формирана во април годинава. Сопственици се Државната лотарија на Македонија и фирмата ХТЛ Македонија. Тоа значи дека НОВО ВЛТ му го дала тендерот од 3,7 милиони евра на својот косопственик – странскиот ортак на државната лотарија.

Во НОВО ВЛТ испративме прашања дали во овој тендер гледаат конфликт на интереси. Одговорот стигна денеска од компанијата ХТЛ. Како фирма која претставува капитал од ЕУ, никогаш не би си дозволиле да работиме спротивно на законот, велат тие.

„Согласно фактот дека меѓу другото Новоматик е еден од најголемите производители на автомат апарати за игри на среќа на светско ниво, ХТЛ како нивен претставник имаше најповолна понуда. Тоа што ХТЛ истовремено е малцински содружник на Државна Лотарија во НОВО ВЛТ, не значи дека по автоматизам треба да се доведува во прашање законитоста и конкурентноста на спроведената постапка за јавни набавки“, велат во ХТЛ.

Во Комисијата за заштита на конкуренцијата испративме прашања дали е дозволено да се спроведе ваква јавна набавка, но и од нив досега нема одговор.

Австриската компанија Новоматик, преку својата македонска фирма ХТЛ Македонија, ги поседува МА Гаминг и Мастербет, кои ги имаат лиценците за коцкарниците Астра и Адмирал.

Преку македонската фирма Макотен, австриски Новоматик ги поседува лиценците за казината во скопскиот хотел Мериот и во хотелот Фламинго во Гевгелија.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Телма со детали за убиството во Штип кое личи на сцена од гангстерскиот филм „Кум“- пресметка на двајца турски државјани во кафуле, полициска потера и организирано бегство со две коли

Дејан Дејан

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе