Останато Спорт

Тимот на „Макпетрол” ќе учествува на светската младинска карате лига во Венеција

Италијанскиот град Венеција од 7 до 10 декември ќе биде домаќин на турнир од Светската младинска карате лига на којшто ќе учествуваат членови на тимот на „Макпетрол“.

На последниот собир годинава од ова реномирано меѓународно натпреварување од најтрофејниот македонски карате клуб ќе учествуваат Витомир Трајковски (-84 кг.), Данило Божовиќ (+84 кг), Стефан Стојановиќ (+84 кг.), Димитар Лозановски (-67 кг.) и Јована Мицовска (-61 кг.).

Сите натпреварувачи ќе настапат во највозрасната младинска категорија, помлади сениори (У21), во дисциплината борби. Конкуренцијата е досега најбројна – пријавени се 4133 спортисти од 81 држава. Тимот на „Макпетрол“ ќе го предводи тренерот Петар Заборски.

„Во тимот се двајца најдобри млади спортисти на Македонија, Витомир Трајковски и Стафан Стојановиќ и очекуваме тие да имаат добар и забележителен настап. Се надеваме на добро преставување и подобрување на ранг-листата за нашите спортисти од учеството на овој турнир, кој е последен од серијата турнири за Светската младинска лига“, велат од карате клубот „Макпетрол“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Навивачите со камења и пиротехника, полицијата со солзавец, шок-бомби и водени топови – нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе