Вести Македонија Топ вести

Сообраќајот на „Стража“ во прекин поради попречено возило – Македонија под први снежни врнежи

Снегот и дождот попладнево предизвикаа прекин на снабдувањето со електрична енергија во неколку општини во земјава, а на превојот „Стража“ во моментов сообраќајот е во прекин заради попречено возило на патот кај „Тајмишка раскрсница“.

На видеата кои граѓани ги објавуваат на социјалните мрежи од превојот Стража се гледа дека патот е завеан во снег и возилата тешко се движат по него. Поради снежни наноси, отежнато се одвива сообраќајот и меѓу Ресен и Битола.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека од попладнево 16:30 часот затворен за тешки товарни возила е патниот правец Крива Паланка – граничен премин „Деве Баир“. Инаку од ЦУК информираат дека поради снегот и дождот попладнево без струја останале делови од Општина Центар во Скопје, како и населени места во Струмица, Тетово, Свети Николе, Кичево, Дебар, Гостивар и Македонски Брод.

Заглавени автомобили и камиони на патот Велес – Катланово. Сите три коловозни ленти се прекриени со снег. Автомобилите се движат во една колона со бризна од 20 до максимум 40 километри на час.

На патарината по Велес, полицијата ги запира тешките товарни возила.

Сообраќајот преку Стража во целосен прекин, видео од заглавени камиони на Велес-Катланово

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Владата не знае да се справи со пожарите, ги остави граѓаните сами со огнените стихии

Дејан Дејан

Постојат сериозни индиции дека пожарот кај Блаце е подметнат, тврди Ангелов

Дејан Дејан

Недоволен буџет за здравствена заштита и застој во изградбата на нови болници, регистрираат ревизорите во извештајот за 2023

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе