Вести Македонија Најважни

Фон дер Лајен во Македонија ќе се сретне со државниот врв, но не е предвидена средба со Мицкоски

Средби со државниот врв, но не и со опозицијата. Претседателката на Европската комсија Урсула фон дер Лајен посетата на Македонија вечерва ќе ја почне со работна вечера во вила Водно со претседателот на државата, Стево Пендаровски, а утре ќе ја продолжи рано наутро со средба со премиерот Димитар Ковачевски во владата, но на агендата на средби ја нема опозицијата од која зависи дали до декември ќе бидат или не усвоени уставните измени по што ќе се знае дали Европскиот совет ќе донесе одлукаа заедно со Албанија и Македонија ќе ја почне втората фаза од преговорите за членство.

Според официјлната агенда, но и според неофицијални информации, средба со опозицијата не е планирана, но планирана е посета на Фон дер Лајен на фабрика за преработика на овошје и зеленчук во близина на Скопје, финансирана со европски пари од програмата ИПАРД.

Но иако не е предвиено да се сретнат, лидерот на опозицијата, Хрстијан Мицкоски, и го испорача на Фон дер Лајен своето очекување од нејзината посета, со забелешка дека очекува тоа да биде пријатно изненадување.

„Очекувам претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да излезе со позиција дека Македонија ќе добие безусловен почеток на преговорите со Еу. И дека без дополнителни условувања со кои што е соочена нашата држава ќе ги отпочнеме преговорите, иако сум свесен за многуте недостатоци коишто ги иамем на домашен план поради неработењето на корумпираната влада на СДСМ и ДУИ“, изјави вчера Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Дека на утрешната средба во владата Фон дер Лајен на дневен ред за разговори ги има и уставните измени најави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, кој меѓу другото во изјава за МИА од Брисел информираше дека освен за потребните и неопходните реформи и за дополнителните средства што треба да ги добие земјава како помош од ЕУ и мотивација за реформите, ќе се разговара и за обврски кои и преостануваат на Македонија за да ја комплетира оваа фаза на пристапувањето и да преминеме во втората.

„Секој ден покасно, секое доцнење во врска со уставните измени, е ден загуба за Северна Македонија, ден загуба за нашите граѓани“, изјави Маричиќ за МИА.

Македонија инаку е првата на земја која претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен, ќе ја посети во рамки на својата балканска турнеја на која треа да го презентира развојниот план на Европската унија за Западниот Балкан. Планот за раст на Западен Балкан, кој Фон дер Лајен го најави пролетта во Братислава, на ГЛОБСЕК, се заснова на четири столаба – единствен пазар, подлабока регионална економска соработка, забрзување на фундаменталните реформи и поголема претпристапна финансиска поддршка. Инвестицискиот пакет пак кој го планира Унијата за унапредување на регионот тежи шест милијарди евра – две милијарди евра во грантови и четири милијарди евра во заеми. Сепак помош за регионот ќе биде условена со степенот на спроведените реформи во секоја од земјите одделно.

Урсула фон дер Лајен која точно пред едена година, поточно на 26 октомври лани ја посети Македонија, се очекува утре на прес-конференцијата во Владата да го најави и извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата на патот кон полноправно членство во Унијата, а кој треба да биде објавен идната недела, на 8 ноември.

По Македонија балканската турнеја на претседателката на Комисијата продолжува утре попладне во Косово, по што ќе ги посети Црна Гора, Србија, а како последна станица и е најавена Босна и Херцеговина.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Рим денес продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма

Дејан Дејан

Загинати 80 лица во американските напади врз Јемен

Дејан Дејан

Нови дигитални услуги на МВР достапни на интернет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе