Вести Македонија Топ вести

Обвинителствата во застој, службениците пред влада на протест, 78% поголеми плати или ништо

Итни и неодложни работи како претреси, притвори и неодложни жалби, а од утре нема да се работи ништо. Oва е последната порака која обвинителската служба ја испорача на владата од пред нивниот двор. По 17 предупредувачки штрајкови, следи блокада на обвинителството се заканија од синдикатот на УПОЗ со повеќе од 300 вработени на улица.

Претседателката на Синдикалната организација при јавни обвинителства при Синдикатот на УПОЗ, Изабела Илиева, рече дека револтот кај обвинителите станува сè поголем и оти од утре ќе почнат со заострување на штрајкот.

Седумдесет и осум отсто повиски плати и 35 отсто додатоци се барањата од кои нема да отстапат штрајкувачите. Но, неместо владата да седне и разговара за решение, од таму бараат начин како во иднина овие вработени да не добијат ниту денар за редовното покачување на платите.

Владата пред еден месец на седница донесе одлука да биде формирана работна група која ќе работи на изнаоѓање решение во врска со барањата и посочените состојби од судската, јавнообвинителската служба и вработените во органите на државната управа. Во работната група ќе бидат вклучени министрите за правда, финансии и за информатичко општество и администрација, заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, како и претставници од Синдикатот на УПОЗ.

Пaвле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе