Вести Најважни Свет

(видео)Двајца навивачи на Шведска застрелани во Брисел, Де Кро смета дека нападот е поврзан со „тероризам“

Белгиската полиција денеска уапси осомничен вооружен маж кој застрела двајца шведски фудбалски навивачи во, како што соопштија властите, „терористички напад“.

Апсењето, во бриселската населба Скарбек, уследи по интензивната потера во главниот град по напаѓачот вооружен со автоматска пушка.

– Полицијата отвори оган за време на апсењето, изјави портпаролот на белгиското обвинителство, Ерик Ван Дујс, без да ја потврди информацијата на телевизијата RTBF дека осомничениот е ранет.
Локалниот градоначалник, Филип Клоз, изјави за францускиот ТВ канал BFMTV дека осомничениот се чини дека е „неутрализиран“. Ова се уште не е потврдено од властите.

Претходно, дел од бриселски медиуми јавија дека осомниочениот е застрелан во градите, но дека е жив и приведен.

Двајца шведски навивачи се убиени синоќа за време на фудбалскиот меч меѓу Белгија и Шведска.

Пукањето се случи на само 5 километри од местото каде се одржуваше натпреварот, на кој присуствуваа 35 илјади навивачи.

Веднаш по убиството на двајцата Швеѓани натпреварот беше прекинат, а навивачите поради нивната безбедност останаа на стадионот по прекинот на квалификациите за Европското првенство.

По инцидентот веднаш беше повикан кризен центар кој го подигна нивото на закана во Брисел и неговиот регион на највисоко и побара од граѓаните да избегнуваат непотребни патувања.

Белгискиот премиер Александар Де Кро сугерираше дека нападот, кој се случи повеќе од еден час пред натпреварот, е поврзан со „тероризам“.

Засега не е јасно дали пукањето е поврзано со меѓународните тензии околу војната меѓу Израел и Хамас.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за Љупчо Палевски

Дејан Дејан

Сезонската авионска линија Скопје – Крф е откажана од комерцијални причини

Дејан Дејан

Се брани со молчење – Кривичен му одреди 30-дневен притвор на врховниот судија Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе