Вести Македонија Најважни

Пациентка чека месец и половина некој да ги прочита резултатите од сминањето на Клиниката за радиологија

Скопјанка,пациент на клиниката за Онкологија еден и пол месец чека некој од клиниката за радиологија да ги прочита резултатите од магнетното снимање за да може таа пред се а потоа и нејзинот доктор да одлучи кои ќе бидат натамошните чекори.

Пациентката, е долгогодишен борец со канцерот. Еднаш веќе ја победила опаката болест, примала хемотерапија, но канцерот се вратил. Во времето на пандемијата, пет скенот ги  потврдил сомнежите и таа повторно примала хемотерапија. Според процедурата, две години по терапијата, направила магнетно снимање на суспектните делови за да се разјасни дали е во опасност или не.

Магнетното снимање е направено на 9 август на клиниката за радиологија и оттгоаш таа и нејзиното семејство се во неизвесност и во исчекување на разултатите. Еден и пол месец подоцна некој ја нема побарано, таанеколку пати била на клиниката за да биде информирана дека резултатите не се говтови. Ова не е прво искуство со Клиниката за радиологија, но децидна е дека досегаш никогаш не чекала толкав временски период.

Директорката на Клиниката за радиологија не одговори на телефонските повици и испратените пораки

Навременото читање на резултатите од магнетното снимање е клучно особено во вакави случаи а секој изминат ден го зголемува ризикот доколку болеста се вратила.

Чекањето за прием ,за пргеглед и за резултати се клучните проблеми кои ги истакнаа пациентите на Клиниката за Онкологија, по избивањето на скандалот во манипулациите со терапијата.

Условите на Клиниката се лоши, во чекалните нема доволно столчиња па пациентите се принудени да стојат или да излезат надвор за да можат да седнат он околните клупи.

 

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Приведени осуммина кај кои полицијата пронашла дрога

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе