Скопјанка,пациент на клиниката за Онкологија еден и пол месец чека некој од клиниката за радиологија да ги прочита резултатите од магнетното снимање за да може таа пред се а потоа и нејзинот доктор да одлучи кои ќе бидат натамошните чекори.
Пациентката, е долгогодишен борец со канцерот. Еднаш веќе ја победила опаката болест, примала хемотерапија, но канцерот се вратил. Во времето на пандемијата, пет скенот ги потврдил сомнежите и таа повторно примала хемотерапија. Според процедурата, две години по терапијата, направила магнетно снимање на суспектните делови за да се разјасни дали е во опасност или не.
Магнетното снимање е направено на 9 август на клиниката за радиологија и оттгоаш таа и нејзиното семејство се во неизвесност и во исчекување на разултатите. Еден и пол месец подоцна некој ја нема побарано, таанеколку пати била на клиниката за да биде информирана дека резултатите не се говтови. Ова не е прво искуство со Клиниката за радиологија, но децидна е дека досегаш никогаш не чекала толкав временски период.
Директорката на Клиниката за радиологија не одговори на телефонските повици и испратените пораки
Навременото читање на резултатите од магнетното снимање е клучно особено во вакави случаи а секој изминат ден го зголемува ризикот доколку болеста се вратила.
Чекањето за прием ,за пргеглед и за резултати се клучните проблеми кои ги истакнаа пациентите на Клиниката за Онкологија, по избивањето на скандалот во манипулациите со терапијата.
Условите на Клиниката се лоши, во чекалните нема доволно столчиња па пациентите се принудени да стојат или да излезат надвор за да можат да седнат он околните клупи.
Огнен Чанчаревиќ
