Вести Свет

Свечла објави снимка на која наводно се гледа потпретседателот на Српска листа во манастирот Бањска за време на престрелката

Косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла објави видеоснимка од беспилотно летало, на која наводно се гледа потпретседателот на Српска Листа Милан Радојчиќ заедно со група вооружени лица кои во неделата утрото се судрија со косовската полиција во селото Бањска. Свечла тврди дека токму Радојчиќ бил водач на групата која го предизвика последниот инцидент на северот на Косово, во кој по целодневната престрелка загина еден косовски полицаец и четири лица од вооружената група.

Ова на снимката подолу е Милан Радојчиќ, потпретседателот на Српска листа, кој исто така е и на „црната листа“ на САД и Обединетото Кралство. Главниот злосторник Радојчиќ беше водач на терористичката група за време на нападот во кој беше убиен полицаецот Африм Буњаку. Ова е уште еден доказ за неговите терористички активности против Република Косово. Потпретседателот на Српска листа е водач на терористичкиот напад и терористичката група, напиша Свечла.

Според него на овој начин терористичката мапа секој дена станува се појасна, додавајќи:

Александар Вучиќ преку Српска листа, а тие преку својот потпретседател Радојчиќ, превземаа терористичка акција против правниот и уставниот поредок на Република Косово, обидувајќи се да ја дестабилизираат нашата република. Значи Српска листа своето учество во Косово го гледа само на терористички начин, додаде Свечла.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе