Топ тема

Топ Тема (18.09.2023) Измените на КЗ се донесени без анализа од владата како ќе влијаат врз 14 судски предмети за кои на обвинителна клупа се 80 лица

Еден по еден, најмалку 14 предмети  за кои на обвинителна клупа се 80 лица, ќе паднат во заборав  по контроверзните измени на Кривичниот законик, бришењето на став 5 од членото 353, според кој се одговараше за злоупотееби при јавните набавки, поради застареност. На  овој список се уште 40 нови предмети што се водат во обивнителството за организиран криминал заведени лани.

СО БРИШЕЊЕТО НА СТАВ 5 ОД ЧЛЕН 353 ВО ОПАСНОСТ СЕ И 40 НОВИ ПРЕДМЕТИ ВО КОИ СЕ ОПФАТЕНИ 107 ЛИЦА, ОД КОИ : ОСУМ АКТУЕЛНИ И ПОРАНЕШНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ, 29 АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ, ПЕТ СУДИИ, ЕДЕН СТЕЧАЕН УПРАВНИК, ЕДЕН АДВОКАТ, 11 РАКОВОДНИ ЛИЦА, ТРОЈЦА ПОРАНЕШНИ МИНИСТРИ, ЧЕТВОРИЦА ПОРАНЕШНИ ФУНКЦИОНЕРИ И 47 ДРУГИ ЛИЦА, КАКО И ДВЕ ПРАВНИ ЛИЦА.

Кој се од поранешните и актуелни функционери ќе се спаси од судски прогон? Имаме ли тивка амнестија за “функционерската каста” ?  За ова , како и за прашањето колку предлог – законот за амнестија на осуденици ќе ги растерети затворите? Во Топ Тема вечерва дебатраа Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик министерката за правда, Александра Цветановска, претседателка на МЗМП и Јанаки Митровски, адвокат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ тема: Дали сме подобро подготвени или повторно ќе броиме колку хектари шума изгоре?

Sasko Dimovski

Топ тема: Каде се губи граѓанинот и јавниот интерес во вртлогот на божем реформи во судството, администрацијата и државните органи?

Sasko Dimovski

Топ Тема интервју со поранешниот претседател на ДИК Александар Новаковски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе